22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна бизнис караванот на Еуролинк

Започна бизнис караванот на Еуролинк

Eurolink biznis komplet Skopje (10)

Скопскиот ресторан „Ден и Ноќ“ вчера попладне беше домаќин на големиот бизнис настан организиран од Еуролинк осигурување. Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро компании имаа можност да се запознаат со предностите на Бизнис комплет пакетот на Еуролинк како и да разменат искуства и знаења.

Бизнис комплет претставува сеопфатна осигурителна понуда за целосна заштита на бизнисот преку обезбедување уникатни осигурителни решенија.

Пакетот опфаќа различни осигурувања, како што се осигурување од пожар и други опасности, кражба и разбојништво, кршење стакло, прекин на работа, одговорност и незгода за вработените. Пакетот е предвиден како целосно осигурување за малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, мини маркети, аптеки, парфимерии, козметички салони, кафулиња и други.

Eurolink biznis komplet Skopje (57)

„Еуролинк е посветен кон развивање нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите. Длабоко веруваме дека нашата поддршка им е повеќе од потребна и на малите бизниси за да можат целосно да се фокусираат кон понатамошен раст и развој. Токму затоа, оваа година сме фокусирани кон обезбедување сеопфатни осигурителни решенија кои овозможуваат целосна заштита на бизнисот.  Имајќи ги нивните потреби, го создадовме Бизнис пакетот кој обезбедува целосна и достапна заштита на малите бизниси од ризиците кои се најчеста закана по нивното работење.‘‘, рече Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Вчерашниот настан е првиот од серијата настани кои ќе се одржат низ Македонија како дел од Бизнис Комплет караванот на Еуролинк.

Во текот на месец март, Бизнис Комплет караванот ќе продолжи со настани и во други градови низ Македонија, и тоа: Струмица, Битола, Прилеп и Штип.

Eurolink biznis komplet Skopje (10)2

„Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на некој од наредните настани од Бизнис Комплет караванот“, додаде Томеска.

Годинава, сите кои ќе склучат договор за лојалност на 3 години, имаат можност да го добијат Бизнис Комплет за само еден денар за првата година, а воедно да добијат и полиса за приватно колективно осигурување за само 300 денари месечно по вработен. Дополнително, работодавците кои се вклучиле во програмата за лојалност ќе добијат и бесплатен превентивен задолжителен здравствен преглед за своите вработени.

Еуролинк останува посветен во развивање на нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП