8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит пораст на индексите по нестабилното тргување

На Волстрит пораст на индексите по нестабилното тргување

wall street

На Волстрит берзанските индекси пораснаа во средата, по многу големите осцилации на цените на акциите, бидејќи пред самиот крај од тргувањето закрепнаа цените на нафтата.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,32 отсто, на 16.484 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,44 отсто, на 1.929 поени, а индексот Nasdaq за 0,87 отсто, на 4.542 индексни поени.

Поголемиот дел од денот индексите минаа во минус поголем од 1 процент, а под најголем притисок беа акциите во финансискиот и во енергетскиот сектор, поради остриот пад на цените на нафтата. Меѓутоа, по вестите дека во САД последните седмици пораснала побарувачката за горива, цените на нафтата пред самиот крај на тргувањето во средата ги надоместите сите загуби завршија во плус од околу 1 отсто.

Благодарејќи на тоа, акциите во енергетскиот и во рударскиот сектор зајакнаа просечно за околу 0,9 отсто, а на вредностите на крајот добија девет од десетте сектори на S&P 500 индексот.

Од десетте сектори од индексот S&P 500 во средата ослаби, за 0,2 отсто, само финансискиот сектор, кој од почетокот на годината е најголем губитник поради загриженоста на вложувачите во врска со профитабилноста на банките, имајќи ги предвид ниските камати и забавувањето на растот на глобалната економија.

Покрај, тоа, поради ниските цени на нафтата, под притисок се банките кои позначително се изложени на нафтениот сектор, имајќи предвид дека на речиси третина од американскиот производители на нафта од шкрилци им се заканува банкрот, според неодамнешната студија на Deloitte.

И покрај растот од средата, од почетокот на годината индексот S&P 500 е во загуба од речиси 6 отсто, што е последица на падот на цените на нафтата и сировините, како и забавувањето на растот на глобалната економија, во прв ред кинеската.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП