25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо средата издадени потврди на 574 мигранти

Во средата издадени потврди на 574 мигранти

migrantiiiiiiiicdjfvnfnvkfkjdf

Во средата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 574 странски државјани, од кои 201 од машки и 158 од женски пол, како и на 214 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител.

Според државјанството, потврди се издадени на 489 државјани на Сирија и на 85 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината па до 24-ти февруари, издадени  се потврди на вкупно 87.036 странски државјани, од кои 34.529 се од машки пол, 19.000 се од женски и 33.298 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-42.651, Авганистан-26.546 и Ирак-17.836.

Годинава до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24-ти февруари евидентирани се вкупно дваесет и пет баратели на азил од кои петнаесет мажи, три жени и седум деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП