15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwarovski продолжува со намалување на бројот на вработени

Swarovski продолжува со намалување на бројот на вработени

swarovski-avstrija

Австрискиот концерн Сваровски со седиште во Ватенс, оваа година и понатаму ќе го намалува бројот на вработените. Уште во текот на пролетта за 30 отсто ќе се намали бројот на работниците во областа на брусењето, тврди австрискиот весник Тиролер тагесцајтунг.

Според шефот на работничкиот совет Ернст Даберт, уште во текот на пролетта треба да бидат отпуштени 20 работници, а дополнителни 10 работни места ќе се намалат со природно заминување, како што се пензиите.

Овој чекор е дел од пакет мерките за штедење, кои според актуелниот план за буџетот за тековната година, во производството се предвидува намалување од вкупно 150 работни места, истакнува Даберто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП