27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате работа? Внимавајте на профилната фотографија

Сакате работа? Внимавајте на профилната фотографија

39756702556cc570fbf5c2862605212_w640

Најновите истражувања покажаа дека работодавците се повеќе го користат Фејсбук за да ги оценат кандидатите за работа…

Поточно, фотографијата од Фејсбук профилот има влијание на можноста за добивање на работа еднакво колку и фотографијата која кандидатот ќе ја приложи со својата биографија.

За да ги потврдат фактите дека фотографиите од Фејсбук профилот имаат влијание при вработувањето, научниците од Универзитетот во Гент спроведоа истражување.

Тие испратија две илјади лажни пријави за работа, во кои ставија линк од своите лажни Фејсбук профили. При испраќањето на пријавата за работа воделе сметка биографиите на кандидатите да бидат идентични во поглед на образованието и способноста, а разликата да биде само во атрактивноста на Фејсбук профилот.

Резултатот ги изненадил научниците, бидејќи лицата чии фотографии биле поатрактивни, поуредни, попримерни и сл. добиле за 40 проценти повеќе понуди за разговор за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП