21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle и должи на Франција 1,6 млрд евра

Google и должи на Франција 1,6 млрд евра

google-pogle

Француските власти побараа од американската интернет компанија „Google“ да плати 1,6 милијарди евра неплатен данок, изјави неименуван извор од француското Министерство за финансии, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Што се однесува на нашата држава, износот на неплатениот данок кој Google треба да го плати изнесува 1,6 милијарди евра“, изјави неименуваниот претставник.

Портпаролката на „Google“ во Франција не сакаше да ја коментира споменатата сума, наведувајќи само дека компанијата ги почитува даночните правила во сите држави во кои работи.

По објавувањето на оваа вест, акциите на Google при раното тргување во Њујорк паднаа за 1,8 проценти, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП