21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Корпа“ од Aston Martin за Македонија, фабрика ќе отворат во Велс

„Корпа“ од Aston Martin за Македонија, фабрика ќе отворат во Велс

martinco 3

„Aston Martin“ ја избра локација за нов погон во кој ќе произведува првиот во историјата кросовер. Тоа е Велс, откако претходно Британците ги истражуваа можностите за градба во Македонија, САД и Блискиот Исток, потврдува „walesonline.co.uk“.

Од „Aston Martin“ не ги откриваат причините за изборот на токму оваа локација. Соопштено е сепак, дека за изградба и опремување на објектот се предвидени 200 милиони фунти. Изградбата ќе започне следната година и треба да биде целосно завршена во 2020-та година. Фабриката ќе се простира на 90 хектари, а ќе се создаде околу 1.000 работни места.

Изградбата на фабриката во Сент Атан, Јужен Велс, ќе започне следната година, како се предвидува овој втор индустриски центар на независната автомобилска компанија во Велика Британија да проработи во 2020-та година.

Владата најави дека новата фабрика, која ќе биде изграден на местото на поранешната зграда на Министерството за одбрана, ќе создаде директни 750 висококвалификувани работни места и ќе ги поддржи дополнително со 1000 во синџирот на снабдување.

За новиот објект компанијата направила детално истражување на над 20 локации во светот, прецизира „Ројтерс“.

Во новото претпријатие компанијата ќе го произведува својот прв кросовер, укажаа преку концептот „DBX“ (на сликите). Во подоцнежна фаза објект ќе се заземе и со производството на моделите „Lagonda“.

Во моментов „Aston Martin“ има само една фабрика, позициониран во Гејден, Велика Британија – западниот централен дел на Велс. Таа ќе продолжи со производството на нови спортски модели, меѓу кои и целосно електричниот „RapidE“ од 2018-та година, но исто така треба да биде модернизиран за новата палета модели на Британците.

Британците планираат да ја заменат целосно палета на моделите во следните 5 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП