19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдинствен „милионер” акцијата на Охридска банка АД Скопје

Единствен „милионер” акцијата на Охридска банка АД Скопје

mak berza2222

Единствен „милионер” на денот во на тргувањето во средата на Македонската берза беше акцијата на Охридска банка АД Скопје со вкупен промет од околу 1,75 милиони денари, остварени преку 11 трансакции, при што беа истргувани вкупно 740 акции по просечна цена од 2.380 денари.    

Најголем пад на вредноста од 6,09 отсто забележа акцијата на ТТК банка АД Скопје. Веднаш зад неа се најдоа акциите на Макпетрол АД Скопје и Охридска банка АД Охрид со пад од 2,71 и 1,62 отсто, соодветно.

На спротивната листа на добитници челното место го зазеде акцијата на Топлификација АД Скопје со раст од 1,61 отсто и просечна цена од 633 денари.

Во текот на денот на официјалната страна на Македонската берза за хартии од вредност, беа објавени неревидирани неконсолидирани извештаи на Тетекс АД Тетово и Макстил АД Скопје за 2015 година.

Денот заврши со вкупен промет од околу 3,4 милиони денари реализирани преку 34 трансакции и истргувани вкупно 5.134 акции.

Индексот МБИ-10 забележа пад од 0,39 отсто и го заврши денот на 1.793,89 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана на истата вредност од вчерашниот ден бидејќи немаше трансакција со обврзниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП