25 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank со повисока добивка од очекуваната

Bundesbank со повисока добивка од очекуваната

bundesbank

„Bundesbank“ успеа благо да го зголеми својот профит во минатата година. Централната банка на Германија предвид нето добивка во износ од 3,2 милијарди евра, или за 250 милиони евра повеќе отколку во 2014-та година и покрај исклучително ниските каматни стапки, кои обезбедуваат поголемиот дел од профитот.

Претседателот на „Bundesbank“, Јенс Вајдман објасни дека растот меѓу другото е со пониски провизии за загубите од трансакциите со кредити и повисоките приходи од трансакциите со обврзници. Профитот ќе се вложи во федералниот буџет.

Многу ниските каматни стапки имале негативно влијание врз профитот на „Bundesbank“ и во 2014-та година. Во минатата година нето приходот на банката од камати паѓаат од 3,1 до 2,3 милијарди евра. Во прилог на залихите од неколку милијарди евра, наменети како резултат на единствената монетарна политика, оркестрирано од Европската централна банка (ЕЦБ), исто го оптоваруваат балансот на „Bundesbank“.

Во принцип „Bundesbank“ се однесува критички кон купување на државни обврзници, кои и таа треба да ги остварува во рамките на заедничката монетарна политика на еврозоната. Сепак хартиите од вредност исто така се извор на приход, бидејќи приходите од каматите се одземени пропорционално на германската централна банка.

Сега „Bundesbank“ успева да ослободи дел од залихите за такви трансакции во моментов, бидејќи грчките и италијанските обврзници кои биле стекнати за време на шпицот на должничката криза, сега се со серијозна зрелост. Независно од тоа „Bundesbank“ ги намалува издвоените резерви од 14,4 до 13,6 милијарди евра.

Во рамките на огромната програма за поттикнување на економијата од минатиот март, ЕЦБ внесува на пазарот по 60 милијарди евра месечно преку купување на државни обврзници и други хартии од вредност. Бранителите на оваа политика се надеваат на тој начин ќе се поттикне економскиот раст и да се изборат со ниската инфлација во еврозоната, која се гледа како ризик.

Сепак Јенс Вајдман е меѓу најпознатите критичари на оваа политика и повторно предупреди за ризиците. „Ние не треба да ги игнорираме долгорочните ризици и да ги отстрануваме преку и без тоа премногу лабавата политика“, изјави Вајдман. Според него банкарите треба да престанат да мислат како да ги намалуваат каматите, „туку како да се вратат кон нормалните услови“.

Благодарение на повисоката добивка сега германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ќе има повеќе средства за справување со бегалскиот прилив. Бидејќи износот над планираните 2,5 милијарди евра, кој „Bundesbank“ го влева во германскиот буџет (700 милиони евра), ќе бидат издвоени за финансирање на трошоците за прифаќање и сместување на барателите на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП