6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинувањето на Шенген би било економска катаклизма за Европа

Укинувањето на Шенген би било економска катаклизма за Европа

shengen 33

Повторното воведување на граничните контроли во Европа би ја чинеле германската економија најмалку 77 милијарди долари во следните десет години, а во најлош случај оваа сума би била значително поголема, пресметаа експертите од фондацијата Bertelsmann.

„Доколку внатре во Европа повторно се воведат гранични контроли, тогаш и онака слабиот конјуктурен раст ќе се најде под уште поголем притисок. На крајот сметката за оваа одлука ќе ја платата граѓаните“, нагласува Арт Де Гус, шефот на управата на фондацијата Bertelsmann.

Повторното воведување на граничните контроли би довело до огромен пораст на трошоците на цените, што негативно би се одразило на економскиот раст во Европа, се наведува во студијата.

Пресметките за потенцијалните загуби се базираат на потенцијалните загуби на граничните контроли во рамки на Европа, подолгите чекања автоматски за претприемачите значат зголемени кадровски трошоци. Освен тоа би морале да се зголемат и магацинските капацитети, бидејќи досегашната востановена пракса на снабдување од погоните just-in-time не би можела да биде повеќе загарантирана.

На пример Volkswagen моторите од своите фабрики во Унгарија ги доставува во своите германски погони во момент кога таму се потребни за да се спречи скапото складирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП