12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефиниран професионалниот статус на пожарникарите

Дефиниран професионалниот статус на пожарникарите

pozarnikari

Пожарникарите се дефинираат како овластени службени лица од областа на безбедноста а поради условите на работа, тежината, опасноста и штетноста по здравјето, стажот на осигурување ќе се смета со зголемено траење односно за секои 12 месеци ефективна работа, ќе се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување.

За таа цел Собранието на Република Македонија го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за пожарникарство, со кој се решава статусот на професионалните пожарникари.

Според Класификацијата на функциите на Владата, пожарникарството припаѓа на функцијата јавен ред и безбедност.

Легитимациите согласно измените и дополнувањата на Законот, ќе се издаваат од страна на градоначалникот на општината, а со тоа се влијае на подобрувањето на организациската поставеност на противпожарната заштита во насока на олеснување на нејзиното спроведување, а се акцентира значењето на склучување на договор за учество во распределбата на средства за финансирање на противпожарната единица која го покрива подрачјето на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП