4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит донирал за Рубио 4 милиони, за Трамп само 1.566 долари

Волстрит донирал за Рубио 4 милиони, за Трамп само 1.566 долари

tramp com

Сенаторот од Флорида, Марко Рубио добил најмногу пари од донаторите од Волстрит меѓу кандидатите во трката за номинацијата за кандидатурата за ноемвриските претседателски избори, додека водечкиот во кампањата Доналд Трамп добил само околу 1.500 долари, покажува анализата на Reuters врз основа на јавно достапните податоци за финансирањето на кампањите.

Според анализата на индивидуалните донации кои се поголеми од 200 долари, Марко Рубио добил повеќе од четири милиони долари од вработени во банки и инвестициски компании, како што се „America“, „Deutsche Bank“ и „Goldman Sachs Group“ од почетокот на минатогодишното објавување на кандидатурата за претседателската трка.

Поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, кој во саботата објави дека ја повлекува својата кандидатура по слабите резултати постигнати на партиските предизбори во сојузните држава Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина, е втор според сумата на донациите од Волстрит со 2,45 милиони долари.

На третото место, пак, е кандидатката на Демократската партија, поранешната прва дама и државен секретар на САД, Хилари Родма Клинтон, со 723.361 долари, иако предвидувањата се дека нејзината претседателска кампања ќе биде најскапата во историјата.

Имајќи предвид дека се стеснува бројот на кандидатите во републиканскиот табор, се претпоставува дека на Марко Рубио ќе му пристигнуваат нови донации. Многу брзо откако од трката испадна Џеб Буш, неколку негови донатори за Reuters рекле дека се подготвуваат за префрлување на својата финансиска поддршка за Рубио.

Донаторите од Волстрит можат да им помогнат на кандидатите, како и што можат да им наштетат во собирањето на гласовите, особено кај оние гласачи кои ги обвинуваат банкарите за финансиската криза од 2008 година големата рецесија којашто потоа следеше.

„Самата идеја парите да се собираат на Волстрит е проблематична. Дури и на страната на републиканците постои одредена недоверба во базата во поглед на овој сектор“, вели Тим Хејгл, професор на Универзитетот Ајова. Но, според него, на Рубио би можела да му помогне финансиската поддршка, бидејќи би сакал да стане републикански противкандидат на Доналд Трамп.

Демократскиот кандидат Берни Сандер, и водечкиот кај републиканците Доналд Трамп, добиле, пак, најмалку донации од Волстрит.

Тоа и не зачудува, бидејќи Сандерс го обвинува Волстрит за финансиската криза и ветува дека големите банки ќе ги подели во помали. Собрал 26.650 долари од банкарските службеници од најавата на својата кандидатура, што е само мал дел од вкупно собраните 96 милиони долари.

Претприемачот и милијардер Доналд Трамп, кој сам ја финансира својата кампања, добил само 1.566 долари од банкарите на Волстрит. Повеќето од парите за финансирање на неговата кампања доаѓаат од продажбата на стоки преку неговата мрежна страница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП