4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија 2025 доделува стипендии за проектот Лидер

Македонија 2025 доделува стипендии за проектот Лидер

proekt-lider

Македонија 2025 објавува отворен повик за 40 учесници кои ќе добијат целосни стипендии за деветтото издание на ЛИДЕР Проектот во Скопје.

Ivey School of Business, го организира ЛИДЕР Проектот уште од 1991 година. Оваа бесплатна програма, претставува десетдневна МБА работилница, која им овозможува на претприемачите да ги развиваат своите локални бизнис решенија, коишто ќе отворат можности за нивните заедници.

Може да аплицираат претприемачи, менаџери, сопственици на компанија или млади професионалци, со одлично познавање на англискиот јазик, кои делуваат локално, а мислат глобално и решени да ја остварат својата идеја.

Во текот на проектот, заинтересираните ќе можат да ги изучат алатките за анализа, процесите за размислување и вештини за донесување одлуки кои се потребни на секој претприемач и менаџер за надминување на предизвиците и за да напредува.

ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од 9-ти до 20-ти мај, секој работен ден од 12 до16 часот, во Дипломатик Салата на Скопскиот саем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП