26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Хрватска порасна на 18,5 проценти

Стапката на невработеност во Хрватска порасна на 18,5 проценти

hrvatska rabotnici 222

Стапката на регистрираната невработеност во Хрватска порасна во јануари петти месец по ред, од 17,9 на 18,5 проценти, покажаа објавените податоци на Државниот завод за статистика.

И додека на месечно ниво пораснала, на годишно ниво стапката на невработеност опаднала. Во јануари стапката изнесуваше 1,7 процентни поени помалку во однос на истиот месец претходната година, кога таа изнесуваше 20,2 проценти.

Растот на стапката на невработеност на месечно ниво бил очекуван, со оглед на тоа што претходно објавените податоци на Хрватскиот завод за вработување покажаа дека во јануари бројот на невработени пораснал за 2,7 проценти во однос на претходниот месец, на околу 293,200 лица.

Податоците од веб страната на хрватскиот завод за вработување покажуваат дека на почетокот на февруари растот на невработеноста е запрен, па во моментов се невработени околу 290,700 лица, околу 2,500 лица помалку отколку на крајот на јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП