7 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИДО преку поддршка на кластерите придонесе за развој на туризмот во Македонија

УНИДО преку поддршка на кластерите придонесе за развој на туризмот во Македонија

oh

УНИДО, Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO) го одбележи завршувањето на две-годишниот Проект во Македонија за развој на туризмот преку поддршка на кластерско здружување во регионите на Охридското езеро и Тиквешкиот регион. На завршниот настан во х. Стоун Бриџ во Скопје ги промовираше резултатите од двата кластери за туризам во Македонија и плановите за понатамошна поддршка. Пред поголем број на присутни беше истакнато дека УНИДО успеа со кластерите да ги поврзе локалните самоуправи, надлежните институции, приватниот сектор, и други чинители вклучени во туризмот во двата региони во Македонија, Охридскиот и Тиквешкиот вински регион.

Присутните констатираа дека се поставени стабилни темели кои треба да придонесат за унапредување на локалниот туризам во овие два региона, а за кои предходно беше идентификувано дека имаат многу поголем потенцијал за развој. Особено недоволно е искористен Тиквешкиот регион, каде се регистрирани само 2,4% туристи од вкупниот број кои дошле во земјава според информациите од Заводот за статистика на РМ.

Проектот насловен како “Промовирање на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија” беше развиен и имплементиран од УНИДО во партнерство со Министерството за економија на Република Македонија, а финансиран од Република Словенија која за оваа цел издвои 220.000 евра. Овозможи да се креира одржлива стратегија за развој на туризмот, да се испланираат возбудливи туристички производи,што треба да овозможи многу поголеми приходи од туризам, кои изминативе години во просек изнесуваат 5,4 % од БДП, според што Македонија заостанува зад останатите земји од регионот. Токму кластерите како нови и ефективни иницијативи, имплементирајќи успешни јавни и приватни иницијативи, преку поттикнување на соработка, иновации и поврзување, треба да бидат главниот генератор на развој на туризмот, беше главниот заклучок на овој настан во организација на УНИДО.

Со помош на УНИДО идентификувавме повеќе проблеми во секторот туризам, како на пример неповрзаност помеѓу сместувачки капацитети, ресторани и кафетерии, атракции, превозници, винарии, изработувачи на сувенири и слично;Недостиг на свесност помеѓу локалното население за придобивките од туризмот на ниво на домаќинство; ограничена соработка на домашниот приватен сектор со преку гранични и интернационални иницијативи.Дека туризмот во Република Македонија е многу фрагментирана индустрија, каде претпријатијата кои работат во оваа дејност, не ги искористуваат целосно своите капацитети, слабо се поврзуваат, постои недоверба и не работат меѓусебно. Сето ова треба да биде надминатосо здружување во кластерипреку методологијата на УНИДО. Имавме редовни состаноци, честа комуникација и совети од кластер менаџерот. Беа организирани три студиски патувања, во Словенија, Црна Гора и Австрија, каде учевме од најдобрите практики од регионот. За целата помош сме благодарнина УНИДО, изјавија од Министерството за економија на Р. Македонија.

Преку проектот на УНИДО, се обезбеди едукација и сертификати за повеќе од 100 луѓе кои имаа желба да станат професионалци секој во својата област, како послужувачи, вински советници, готвачи, менаџери на хотели, бармени, баристи, кластер менаџери, проект менаџери и останати туристички работници. Беше формиран управен одбор на Проектот, а се одржаа и три национални конференции во кои учествуваа преку 250 чинители во туризмот, меѓу кои и професори, уредувачи на политики и стратегии во туризмот, кластер менаџери и слично, беше истакнато на настанот.

Интерес кај медиумите предизвика туристичката понуда од Тиквешкиот регион, познат по своето производство на вино, одлична гастрономија, велосипедски тури, езерски патеки и планинарење, стари занаети и музеи, манастири и сместувачки капацитети, кои сега благодарение на кластерското поврзување ќе бидат подобро искористени. Двата македонски туристички кластери ќе имаат за цел остварување и на регионални соработки со земји од регионот, со кои во пакет би се промовирале пред странските тур оператори.

 

УНИДО е специјализирана агенција на Обединетите Нации која промовира индустриски развој, намалување на сиромаштијата, инклузивна глобализација и одржливост на животната средина. Мандатот на организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО) е да промовира и овозможи забрзан, инклузивен индустриски развој во земјите во развој и економии во транзиција. Кластерите им помагаат на компаниите да ги надминат своите индивидуални капацитети, организирајќи се во динамични производни мрежи, развивајќи стратешки релации со останатите компании и институции, подобрувајќи ги конкурентските способности базирани на економија на обем, иновации и знаење.

Повеќе инфо на: http://www.unido.org/clusters/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП