25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард предвиде скромен раст на светската економија

Лагард предвиде скромен раст на светската економија

lagard-lagard-kristinnnnn

Светската економија поминува низ процес на скромно закрепнување, соопшти Кристин Лагард директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), додавајќи дека растот во развиените земји би требало да биде поголем.

Лагард, на форумот во Дубаи, изјави дека растот на бруто домашниот производ (БДП) на глобалната економија минатата година изнесувал 3,1 проценти, и дека во оваа година се очекува раст кој ќе биде „благо над три проценти“, а во 2017 година „уште малку повисока стапка“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Тоа е раст, но скромен, бидејќи закрепнувањето кое го гледаме во САД, Европа и Јапонија, би можело да биде поголемо“, наведе таа.

Кога станува збор за земјите во развој, со исклучок на Индија, која, според оценките на Лагард, е во прилично добра состојба, забележано е дека тие забавуваат, или се во прилично слаба позиција, како што тоа е случај со Русија, Бразил или Јужноафриканската Република.

„Овие држави имаат потешкотии“. И Русија и Бразил оваа година ќе бидат на негативна територија“, оцени Лагард, додавајќи дека земјите производители на суровини, особено извозничките на нафта, се соочуват со целосно новата реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП