7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата го притисна Волстрит

Цената на нафтата го притисна Волстрит

wall str3020

Цените на акциите на Волстрит паднаа во вторникот над еден отсто, губејќи ги речиси сите добивки од претходниот ден, бидејќи цената на нафтата повторно е во надолна линија.

Dow Jones се намали за 188 поени, или 1,14 отсто, на 16.431 поен, додека S&P 500 падна за 1,25 отсто, на 1.921 поен, а Nasdaq се намали за 1,47 отсто, на 4.503 поени.

Девет од 10 сектори на индексот S&P 500 завршија во минус, при што најмногу, за 3,2 отсто, паднаа акциите во енергетскиот сектор.

Цената на нафтата падна над 4 отсто, со оглед дека по пораките од Саудиска Арабија дека не планира наскоро да го намали производството спласнаа надежите на инвеститорите дека најголемите светски производители ќе постигнат договор за да се намали нерамнотежата меѓу преголемата понуда и слабата побарувачка.

Со тоа и вчера продолжи цврстата врска меѓу цената на нафтата и акциите, која трае веќе со недели, па кога цената на нафтата паѓа, паѓаат и берзанските индекси. Во понеделникот, пак, цената на „црното злато“ силно порасна, па индексите скокнаа за над 1 отсто.

„Инвеститорите се плашат да не пропуштат нешто, дека забавувањето на глобалната економија можеби е позначително од што се признава што би можело да предизвика пад на цената на нафтата и на суровините“, вели Трејси МекМилон, директорка во Wells Fargo Private Bank.

Инвеститорите ги вознемири и JPMorgan со соопштение дека ги зголеми резервите поради можни загуби од кредити во енергетскиот сектор за 500 милиони долари, или над 60 отсто од постојните резерви. Цената на најголемата американска банка според активата потона за над 4 отсто.

Целиот финансиски сектор, кој во оваа година е најголем губитник поради ниските камати и забавување на растот на светската економија, вчера падна за натамошни 1,8 отсто.

И на европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Лондонски FTSE се намали за 1,25 отсто, на 5.962 поени, додека франкфуртски  DAX потона за 1,64 отсто, на 9.416 поени, а париски CAC за 1,40 отсто, на 4.238 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП