23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКажете му го ова на вашиот шеф: Колку повеќе ги користите cоцијалните...

Кажете му го ова на вашиот шеф: Колку повеќе ги користите cоцијалните мрежи, толку сте подобар работник

net1

Вашите шефови најверојатно на работа го блокирале пристапот до Фејсбук и Твитер, но најновите податоци говорат дека со ваквата постапка тие само ја намалуваат вашата продуктивност.

Според најновите истражувања на компанијата „Evoo“, која се занимава со истражување во 500 најголеми американски компании, работниците кои на работното место користат некои од друштвените мрежи се повеќе продуктивни во споредба со оние на кои тој пристап им е забранет.

Уште поинтересно е тоа што продуктивноста се зголемува во зависнот од тоа колку социјални мрежи користат модерните работници. Колку е поголем бројот, толку е поголема и продуктивноста. Тоа првенствено е видливо кај работните места кои се поврзани со продажбата и директниот контакт со потрошувачите, така што продуктивноста се зголемува од 1,5 проценти до 2,8 проценти.

Од ова не може да се извлече заклучок дека оние работници кои не ги користат социјаните мрежи не се продуктивни и не ја работат својата работа задоволително, но со сигурност може да се каже дека работниците на кои на работното место не им е забранет пристапот до Фејсбук или Твитер се повеќе социјални и на полесен начин комуницираат со другите луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП