19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTime го презема Yahoo?

Time го презема Yahoo?

2434

Американската компанија „Time Inc.“ издавач на магазините „Sports Illustrated“, „People“ и „Time Magazine“, ја разгледува понудата за преземање на основната интернет дејност на компанијата Yahoo за неколку недели, објави вчера Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

„Time“ им се обрати на банките за понатамошното подготвување на договорот со „Yahoo“, наведе извор кој сакаше да остане анонимен, бидејќи не му е дозволено да говори за медиумите, наведува Ројтерс.

Не е јасно дали њујоршката издавачка куќа ангажирала некоја инвестицискa банка како финансиски советник за подготовките на можната понуда, додава британската агенција.

„Yahoo“ минатата недела официјално ја започна продажбата на својот основен бизнис, кој ги вклучува неговите сервиси за пребарување, електронската пошта и порталот вести.

Њујоршката агенција Блумберг, повикувајќи се на еден од своитe извори, објави дека „Time“ бил на презентацијата која ја одржаа банкарите на „Citigroup“ задолжени за договорот на „Yahoo“, додавајќи дека „Time“ не ја ангажирал „Citigroup“ за ова потенцијално купување.

Во новиот договор, генераната директорка на „Yahoo“, Мариса Маер нема да биде повеќе дел од компанијата, додаде Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП