12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзложба „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“

Изложба „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“

bejli-kejli

Изложбата „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“ ќе биде отворена во среда во Воениот музеј, а обраќање ќе имаат министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски заедно со амбасадорот на Соединетите Американски држави, Џес Бејли.

Оваа изложба на Воениот музеј е во рамки на одбележување на стогодишнината од настаните поврзани со Првата светска војна, а на неа ќе биде изложена колекција на досега необјавени фотографии од Македонија од познатиот американски фотограф Мерл Ле Вој – пионер на американската документарна кинематографија и фотографија.

Фотографиите се дел од збирките на Националниот музеј на здравство и медицина од Вашингтон, снимени во Македонија за време на Првата светска војна.

На отворањето ќе присуствува началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник, Методија Величковски, како и претставници на воено дипломатскиот кор во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП