6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата е стабилна над 34 долари

Цената на нафтата е стабилна над 34 долари

naf 33

Цената на нафтата се стабилизираше на светските берзи над 34 долари, со оглед дека меѓу инвеститорите надвладеа сомневањето дека замрзнувањето на јануарското ниво ќе биде доволно позначително да се намали прекумерната понуда.

На лондонската берза со цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 34,60 долари. Вчера тргувањето го заклучи во плус 1,68 долари. Позначителни промени во цената денеска немаше ниту на американската берза каде со барел се тргува по 33,15 долари. Вчера тргувањето го заклучи во плус 1,84 долари.

Вчера пазарите ги поттикнаа оценките дека надолниот тренд на цените можеби го допре дното, со оглед на падот на бројот на активни ископини во САД и прогнозите на Меѓународната агенција за енергија за намалување на производството на нафта од шкрилци во САД во оваа и во следната година.

Меѓутоа денеска повторно надвладеа сомневањето дека иницијативата на Саудиска Арабија и Русија за замрзнување на производството на јануарско ниво ќе биде доволно да ја намали прекумерната понуда.

„Доколку го замрзнат производството на јануарско ниво, а вишокот во понудата изнесува околу еден милион барел дневно, само ќе се продлабочи состојбата со прекумерната понуда“, предупредува аналитичарот на Energy Aspects, Домик Хајвуд.

Аналитичарите воедно напомнуваат и дека се мали шансите Иран непосредно по укинувањето на санкциите кои наштетија на неговиот извоз да биде спремен да го ограничи производството.

„Ако не се преземат конкретни мерки (да се намали производството) ќе бидеме и натаму скептични во поглед на силниот раст на цените“, истакнуваат од сингапурски Phillip Futures.

Генералниот секретар на OPEC Абдулах ал Бадри изјави дека успешното замрзнување на производството би поттикнало дополнителни мерки, предупредувајќи дека пројдоа времињата кога одговорноста за намалување на производството беше исклучиво нивна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП