3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордни 14,2 милијарди евра собра грчката туристичка индустрија во 2015-та година

Рекордни 14,2 милијарди евра собра грчката туристичка индустрија во 2015-та година

Santorini-Imerovigli_05

Рекордни приходи од туризмот во 2015-та година предвиде грчката централна банка. Во исто време, сепак, се намалуваат трошоците кои туристите ги оствариле за време на посетата на Грција, со 1,2% во однос на 2014-та година.

Во извештајот на институцијата е наведено дека минатата година приходите од туристичката дејност оствари раст од 6% до 14,2 милијарди евра. За овој рекорден резултат на нашиот јужен сосед помагаат туристите од САД и Велика Британија, се вели во документот, цитиран од грчкиот весник „Катимерини“.

Според податоците приходите од туристите кои доаѓаат од САД, растат за 44,4% на годишна основа или до 945,6 милиони евра. Приходите реализирани од британските туристи, се над 2 милијарди евра, што е за 30,5% повеќе во однос на 2014-та година.

Тоа значи дека Грција успеала да искористи од пониската вредност на еврото во однос на американскиот долар и британската фунта, посочува уште централната банка.

Значително зголемување има во однос на приходите од германските туристи – 13,6% или до 2,26 милијарди евра. Француските туристи исто запишуваат рекорди – во 2015-та година тие потрошија за 6,6% повеќе за одмор во Грција, или вкупно 1,2 милијарди евра.

Сериозно се намалуваат приходите од руските туристи – за 63,2% или до вкупно 425,5 милиони евра.

Генерално не само приходите се рекордни – за 7,1% се повеќе и посетите во целиот туризам во Грција во 2015-та година, или вкупно 23,6 милиони. Посетите од туристи од САД се со речиси 27% повеќе, па достигнуваат малку над 750.000.

Посетите на француските туристи изнесува 1,5 милиони, што претставува раст од 4% во однос на 2014-та година. Вкупно 2,8 милиони се посетите од еден од најголемите пазари за грчкиот туристички сектор – германскиот. Зголемувањето е во рамките на 14,3 отсто на годишна основа.

Само во декември приходите од туризмот во Грција се зголемиле за 12,2% или до 205 милиони евра. Посетите на странски туристи се со 9,3% повеќе до 488.000. Зголемување се забележува кај сите главни пазари – германскиот, британскиот, францускиот, рускиот и од САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП