6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпании од пекарската и кондиторската индустрија остварија посета на Баварија

Компании од пекарската и кондиторската индустрија остварија посета на Баварија

poseta bavarija

Германската стопанска комора во Македонија во рамките на проектот „Bayern- Fit for Partnership“ под покровителство на Баерн Интернационал организираше еднонеделно патување во покраината Баварија на тема „Трендови во пекарската и кондиторската индустрија“.

Делегацијата ја сочинуваа 27 претставници од компании од пекарската и кондиторската индустрија од Македонија и Србија.

Од Македонија учествуваа компаниите Макпрогрес, Витаминка Прилеп, Свислион, Специјал Продукт и Жито Прилеп.

Целта на ова патување е запознавање со современите технолигии кои се користат при производство на пекарски и кондиторски производи, најнова технологија при производството, подобрување на квалитетот, а воедно и информирање за стандардите на квалитет кои ги поставува ЕУ за извоз на овие пазари, како и едукација на компаниите за конкурентност на пазарите во ЕУ.

Делегацијата ги посети компаниите Бако Михен, Волф Бутер Бак, компанијата Дер Бек која е лидер во пекарската индустрија и има синџир од 150 пекари низ Германија.

Делегацијата имаше можност да посети вкупно 15 германски компании од оваа стопанска гранка.

Во склоп на ова патување беa одржани и интерни саеми каде што се претставија 14 германски компании кои се занимаваат со производство на најсовремена опрема за пекарска и кондиторска индустрија.

Германските компании сметаат дека има голем потенцијал за соработка со компаниите од Македонија и Србија по одржувањето на Б2Б состаноците.

„Покраината Баварија е најголема од сите 16 покрани во Германија и претставува локомотива која ја влече германската економија со извоз од 170 милијарди евра во 2015 и тренд на раст во 2016.  Германија е најважниот трговски партнер за Македонија, во 2015 е направен извоз во висина од 1,7 милијарди евра, а увоз во висина од 730 милиони евра“, соопшти Марија Радевска од Германската стопанска комора во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП