25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот електричен автомобил на Detroit Electric

Новиот електричен автомобил на Detroit Electric

detroit1

Изгледа дека „Tesla Roadster“ и „Rimac Concept One“ ќе добијат сериозна конкуренција. Компанијата „Detroit Electric“ го претстави својот електричен автомобил кој се нарекува „SP:01“ и може да постигне максимална брзина од 250 km/h. Овој модел на може со едно полнење да помине нешто повеќе од 305 километри. За да се наполни батеријата на ова електрично возило потребни се нешто повеќе од четири часа.

„Detroit Electric“ се обидува преку овој проект да го оживее духот на компанијата кој од 1907 година до 1939-та година произведе 13.000 електрични возила и со тоа го држат рекордот на произведени автомобили на електричен погон во 20-тиот век.

detroit

„SP:01“ од 0 до 100 стигнува за 3.7 секунди, моторот има снага од 201 KS, а тежок е 1067kg. „Detroit Electric“ планира да произведе 999 единици, а цената би требала да му биде околу 135.000 долари.

Овој нов електричен автомобил се очекува на пазарот да излезе до крајот на август.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП