3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиена е број еден според квалитетот на животот, Скопје на 159-то место

Виена е број еден според квалитетот на животот, Скопје на 159-то место

4368

Главниот град на Австрија, Виена, нуди најдобар квалитет на животот од 230 светски метрополи опфатени во истражувањето на американската консултантска компанија „Mercer“.

Зад Виена, на првите десет места во листата со најдобри градови за живот, според резултатите од истражувањето, се Цирих, Оукленд, Минхен, Ванкувер, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Сиднеј, додека нашиот главен град Скопје се наоѓа на 159-тото место, пренесува The Guardian.

mercer-quality-of-living-data

Топ 10 најдобри земји и Топ 10 најлоши според квалитетот на животот

Од градовите во регионот, најдобро е позиционирана Љубљана која го зазеде 76-тото место, а следи Загреб на 98-та позиција, потоа Белград на 141-то место, додека Сараево се наоѓа на 158-то место.

Главниот град на Ирак, Багдад, повторно се најде на самото дно на листата, која, како што наведува Ројтерс, им помага на компаниите и организациите да го пресметаат надоместокот за лицата на меѓународни задачи.

Во истражувањето се користени десетина фактори, како што е политичката стабилност, здравството, образованието, криминалот, рекреацијата, транспортот…

mercer-quality-of-living-data (1)

Топ 5 земји по региони

Градот Виена, со популација од 1,7 милиони жители, остварува бенефити од живата културна сцена, музеите, театрите и оперите, додека трошоците за изнајмување на станови и јавниот сообраќај се пониски во однос на другите западни престолнини, се наведува во истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП