28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеделата започна со скок на акциите на Волстрит

Неделата започна со скок на акциите на Волстрит

wall street999

Цените на акциите на Волстрит силно пораснаа, пред се во енергетскиот и рударскиот сектор, штос е должи на растот на цената на нафтата и на сировините.

Dow Jones скокна за 228 поени, или 1,39 отсто, на 16,620 поени, додека S&P 500 порасна 1,45 отсто, на 1.945 поени, а Nasdaq се намали за 1,47 отсто, на 4.570 поени.

Сите 10 сектори од S&P 500 индексот остварија раст, при што најмногу, за 2,2 отсто, пораснаа цените на акциите во енергетскиот сектор, по што цената на нафтата на американскиот пазар скокна за над 6 отсто.

Растот на цената на „црното злато“ се должи на процените на Меѓународната агенција за енергетика дека во оваа и во следната година ќе падне американското производство од шкрилци, што би можело да ја намали преголемата понуда на нафта на глобално ниво.

Силно, за 1,9 отсто, порасна и цената на акциите во рударскиот сектор бидејќи цената на металот порасна благодарение на надежите на инвеститорите за јакнење на производството.

И покрај силниот раст на цената на акциите, аналитичарите велат дека на берзите владее внимателност. На тоа укажува и намалениот обем на тргување.

„Се уште постои загриженост во врска со растот на кинеската економија, а се стравува и од можен банкрот на одделни презадолжени енергетски компании. Поради тоа и натаму очекувам нестабилно тргување“, вели Курт Брунер, портфолио менаџер во компанијата Swarthmore Group.

Поддршка на пазарот во последните денови пружаат нешто посериозните од очекуваните макроекономски податоци кои ги ублажија стравувањата од нагло забавување на растот на американската економија.

Се верува, исто така, дека американската централна банка нема скоро да продолжи со зголемување на клучните камати. Но, од друга страна, не охрабруваат вестите од компаниите, со оглед на забавување на растот на глобалната економија.

И на европските берзи цените на акциите вчера силно пораснаа. Лондонски FTSE индкес зајакна 1,47 отсто, на 6.037 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,98 отсто, на 9.573 поени, а париски CAC 1,79 отсто, на 4.288 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП