25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија не би го преживеала крајот на Шенгенот

Австрија не би го преживеала крајот на Шенгенот

204944563856cc25ee5c169242319085_w640

Крајот на Шенгенот, односно повторното воведување на гранични контроли во внатрешноста на ЕУ, според актуелната студија, би ја чинело Австрија 43,2 милијарди.

Студијата на „Prognos AG“ зема во предвид две сценарија, едно оптимистично, кое предвидува раст на цената за стоката која била увезена од земјите во ЕУ за само еден процент, а второто песимистичко сценарио започнува со растот на цените за три проценти.

Според оптимистичкото сценарио годишниот минус поради укинувањето на Шенгенот би изнесувал 14,2 милијарди евра, а според песимистичкото сценарио ќе постојат загуби до 2025 година во висина од 43,2 милијарди евра.

Австрија, според „Prognos AG“ се најде меѓу најпогодените земји, во кои спаѓаат и Велика Британија и Франција, а во источна Европа особено Полска.

Исто така и САД и Кина, со повторното воведување на гранични контроли во внатрешноста на ЕУ, би имале индиректни чувствителни последици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП