24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: ЕЦБ не може да замени држава

Драги: ЕЦБ не може да замени држава

mario2

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги изјави дека во зоната на еврото постепеното економско закрепнување се очекува во втората половина од годината.

Меѓутоа, како што вели тој, тоа закрепнување е изложено на „ризикот од намалување“.

ЕЦБ најави дека ќе ја задржи својата основна каматна стапка на 0,75 проценти, што е историски најниското ниво на кое таа е од јули 2012 година.

На месечната конференција за новинари во Франкфурт, Драги изјави дека ЕЦБ проучува разни дополнителни инструменти за поддршка на економскиот раст во еврозоната и покрај ниските каматни стапки.

„Економската слабост продолжи во почетокот на годината. Постепеното обновување се очекува во вториот дел од годината, но сепак, постојат ризици од намалување“, изјави Драги, додавајќи дека ЕЦБ ќе продолжи со монетарната политика на прилагодување колку што е потребно.

На прашањето за можноста на воведување нови неконвенционални мерки, Драги одговори дека се „разгледуваат различни инструменти“.

„Мораме интензивно да размислуваме како да пронајдеме нешто што истовремено би било корисно и во согласност со нашиот мандат“, изјави тој и додаде дека се земаат во предвид и искуствата од другите земји.

Драги повторно ги повика земјите членки на монетарната унија да продолжат со напорите во реформите и обновувањето на буџетот.

Кога станува збор за тешкотиите на компаниите да подигнат кредит во земјите во криза, Драги изјави дека „ЕЦБ не може да го замени недостатокот на делувањето на властите“, ниту дека може да го замени „недостатокот на капитал во банкарскиот систем“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП