21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРелативно мирен трговски ден на Македонската Берза ...

Релативно мирен трговски ден на Македонската Берза …

mk berza kke

Оваа недела започна релативно мирно на Македонската Берза. Денот заврши со вкупен промет од околу 3,5 милиони денари остварени преку 39 трансакции и вкупно истргувана количина од 12.922 акции.

Најголем промет, од 639.600 денари, беше реализиран преку една трансакција со акциите на Скопски пазар АД Скопје по просечна цена од 8.200 денари.

На врвот на листата на добитници се најдоа акциите на Факом АД Скопје со раст на вредноста од 45,47 отсто, а зад нив акциите на Топлификација АД Скопје со раст од 9,90 отсто.

На спротивната листа, со пад од 2,91 отсто првото место го зазеде акцијата на Скопски пазар АД Скопје, со вкупно истргувани 78 акции, па по нив следеа акциите на Бетон Скопје и Комерцијална банка АД Скопје, со пад од 2,88 и 1,56 проценти соодветно.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со незначителна промена, раст од 0,06 отсто, и неговата вредност изнесуваше 1.804,35 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ имаше раст од 0,88 отсто и заврши со вредност од 128,59.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП