7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон предупредува на последиците од „brexit“

Камерон предупредува на последиците од „brexit“

kamerun

Британскиот премиер Дејвид Камерон во понеделник во британскиот парламент решително застана во одбрана на договорот постигнат во Брисел, за да се спречи излезот на Велика Британија од Европската унија(ЕУ), при тоа предупредувајќи дека „Brexit“ ќе ја загрози „економската и национална“ безбедност на земјата, додека вредноста на фунтата нагло паѓа.

„Излегувањето од Европа ќе ја загрози нашата економска и национална безбедност“, истакна конзервативниот премиер во говорот со кој требаше да ги увери евроскептиците во сопствената партија за оправданоста на договорот што во петок го постигна со европските партнери.

Британската фунта во понеделник падна наспроти доларот на најниското ниво во последните речиси седум години, на што придонесува и преминувањето на Борис Џонсон, харизматичниот конзервативен градоначалник на Лондон, кон приврзаниците на „brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП