Белградската и Љубљанската потпиша во понедленикот спогодба за приклучување кон платформата СЕЕ Линк каде што ќе се тргува со хартии од вредност котирани на Македонската, Бугарската и Загрепската берза, објави Европската банка за обнова и разбој, која ја поддржува иницијативата.
Договорот за пристапување на овие берзи на Инвестицискиот самит на Западен Балкан во Лондон, на кој учествуваат и премиерите на Хрватска, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Србија.
Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти ја претстави платформата СЕЕ Линк, која треба да се активира кон крајот на март.
„СЕЕ Линк е одличен пример за придобивките што ги носи регионалната интеграција. ЕБОР е посветена на овој процес и тоа е причината зошто ние го поддржавме СЕЕ Линк од самиот почеток со know-how и, благодарение на нашите донатори, со техничка помош. Брзото ширење на СЕЕ Линк е доказ за успехот на овој проект. По Белград и Љубљана,во иднина очекуваме и други учесници да се приклучат кон проектот “, изјави Чакрабарти.
Претседател на Управата на Загребската берза, Ивана Гажиќ изрази задоволство што берзите од Белград и Љубљана се приклучуваат конпроектот.
„Ова сигурно ќе придонесе за зголемување на атрактивноста на платформата, прва во Европа која на иновативен начин ги поврзува пазарите и инвеститорите“, рече Гажиќ
Директорот на Македонската берза Иван Штериев рече дека еден од приоритети во изминатите години беше регионалното поврзување на берзите.
„Благодарение на поддршката на ЕБОР оваа цел сега е постигната и ние веруваме во успехот на оваа платформа“, рече Штериев
СЕЕ Линк е проект кој го започнаа Бугарската, Македонската и Загрепската берза со цел креирање на регионална инфраструктура за тргување на хартии од вредност котирани на овие три берзи. Во мај 2014 година беше основано заедничко друштво СЕЕ Линк ДОО, со седиште во Скопје, со кое беше и формализирана соработката на овие берзи.
Системот за регионално пренасочување на налозите за тргување е планиран да стане оперативен во март оваа година. Во исто време, ќе биде воведен индексот SEE LinX кој ќе ги опфати најликвидните котирани компании на овие берзи и кој ќе придонесе за зголемување на видливоста на регионалните пазари. Се очекува потенцијално 8 членки на берзата од Бугарија, 10 од Хрватска и 10 членки на Македонската берза од првиот ден на работа да се приклучат на платформата на која вкупно 387 хартии од вредност ќе бидат достапни за тргување.