5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllergan забележа подобри приходи за кварталот од очекуваните

Allergan забележа подобри приходи за кварталот од очекуваните

alegan 3535

Фармацевтската компанија „Allergan“, која е предмет на стекнување од гигантот „Pfizer“, забележа подобри од очекуваните приходи поддржани од силното претставување во сегментот со нејзините американски брендови, вклучувајќи ги производите, како „Botox“ и капките за очи „Restasis“, соопштува „Ројтерс“.

„Allergan“ објави дека приходите од нејзините американски брендови се зголемиле за 38% до околу 2,5 милијарди долари во кварталот, завршен на 31-ви декември, формирајќи 58,7% од вкупните приходи.

Компанијата со седиште во Даблин предвиде нето загуба од 700,5 милиони долари, или 1,78 долари по акција, за кварталот во однос на загубата од 732,9 милиони долари, или 3,34 долари по акција, за претходната година.

Финансиските резултати на компанијата се погодени од трошоците поврзани со превземањата, соопшти „Allergan“.

Без единечните ефекти „Allergan“ предвиде профит од 3,41 долари по акција, а аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“, очекуваа профит од 3,34 долари по акција.

Приходите се зголемени за 74% до 4,20 милијарди долари во кварталот што е со малку над просечната прогноза за 4,19 милијарди долари.

Компанијата претстави и приспособена прогноза за приходите во 2016-та година за околу 17 милијарди долари, што е малку под просечните очекувања на аналитичарите за 17,66 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП