23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис активноста во еврозоната со 13-месечен минимум

Бизнис активноста во еврозоната со 13-месечен минимум

eu evra 22

Бизнис активноста во еврозоната се намали во февруари до 13-месечен минимум. Податоците покажуваат влошување на состојбата на економијата на еврозоната и ги зголемија шпекулациите за нови иницијативи од страна на ЕЦБ на следната седница на банката во март.

Индексот „PMI“, кој ја надгледува активноста, е намален до 52,7 поени во февруари во однос на 53,5 поени во првиот месец од годината. Резултатот се покажа под просечните очекувања на аналитичарите за 53.3 поени. Февруари го регистрира вториот последователен месец на одложување на показателите и во голема мера тоа се предопределило од „забавување во растот на нови нарачки за третиот месец“, коментираат од „Markit“.

„Последните податоци ги зголемуваат шансите за нови агресивни стимулации од страна на ЕЦБ. Не само што податоците сведочат за најслабите стапки на економски раст од над една година, но и дефлационите трендови се забрзуваат. Економскиот раст на еврозоната најверојатно ќе биде под 0,3% во првиот квартал“, според Крис Вилијамсон, главен економист во „Markit“.

Тој уште додава: „Во прилог на економијата на еврозоната се чини дека најверојатно ќе продолжи да забавува растот, наместо да го забрзува“, смета уште економистот.

Еврото се намали по објавата на резултатите, па се тргува на ниво од 1.1065 спрема нивото од малку над 1,11 рано утринава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП