27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Каматната стапка и понатака 0,75%

ЕЦБ: Каматната стапка и понатака 0,75%

evro1

Европската централна банка (ЕЦБ) ја задржа референтната каматна стапка на историскиот минимум од 0,75 проценти.

Тоа и се очекуваше, и покрај загриженоста околу влијанието на кризата во Кипар на целата еврозона.

Каматната стапка е на рекордно ниско ниво од јули 2012 година, а аналитичарите очекуваат дека претседателот на ЕЦБ, Марио Драги ќе соопшти некои промени во мерките на монетарната политика, пренесува агенцијата Франс Прес.

Од друга страна, со нетрпение се очекува коментарот на Драги за кипарската ситуација.

Одлуката да не се намалуваат трошоците на задолжување, покажува дека промената на монетарната политика не е потребна, смета економистот на компанијата „Капитал Икономикс“, Џенифер Мекаун.

„Анкетите, по претходниот состанок со ЕЦБ, укажаа на пад на деловната доверба во еврозоната, што значи дека рецесијата можеби е продлабочена и пред да бидат познати ефектите од кризата во Кипар“, додава таа.

Драги, сепак, би можело да предложи некои конкретни планови за финансирање на малите и средни претпријатија и да вети континуирана поддршка на банкарскиот сектор, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП