6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски на „Светскиот Форум на бизнис ангели“ во Истанбул

Пешевски на „Светскиот Форум на бизнис ангели“ во Истанбул

pesevski istanbul 333

Вицепремиерот Владимир Пешевски учествуваше во завршниот дел од тркалезната маса која се одржа во рамките на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“ (WBAF – World Business Angels Investment Forum) во Истанбул.

Бизнис ангелите имаат особено големо влијание во креирањето на нови работни места, овозможуват полесен пристап до финансиски средства за компаниите и се особено значајни за имплементација на иновации добиени со претходни искуства. Инвестициите на „бизнис ангелите“ достигнаа 5,5 милијарди евра со што се создадени над 180.000 нови работни места, истакна Пешевски.

Вицепремиерот Пешевски ги презентираше во завршниот дел од тркалезната маса која се одржа во рамките на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“ (WBAF – World Business Angels Investment Forum) во Истанбул, Република Турција.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања беше главен говорник и модератор на „Тркалезната маса на Форбс: Зошто на светската економија и се потребни бизнис ангелите?“, која се одржа во хотелот „Тарабја“ во Истанбул, како дел од активностите на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“.

На тркалезната маса освен потпретседателот на Владата Пешевски дискутираа и проф. д-р Четин Али Денмез, оперативен директор на Истанбулската берза, проф. д-р Чарлс Сидман од САД, г-дин Боштјан Скалар од Република Словенија, г-ѓа Лариса Бест од Луксембург и г-дин Павел Коктјишев од Република Казахстан, еминентни практичари и експерти од областа на „Бизнис ангелите“.

Вицепремирот Пешевски, кој поседува и лично искуство во сферата на бизнис ангелите, како поранешен директор на Инвестицискиот фонд за поддршка на малите претпријатија од Вашингтон (SEAF – Small Enterprises Assistance Fund), во своето излагање истакна дека Владата на Република Македонија го препозна значењето на „Бизнис ангелите“, а спомена дека во подготовка е законска рамка со која ќе се регулираат инвестициите на бизнис ангелите во земјата со цел компаниите да ги искористат сите бенефити од овој начин на поддршка.

Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели е во организација на Глобалната мрежа на бизнис ангели (GBAN – Global Business Angels Network), во соработка со Европската трговска асоцијација за пазарни инвестиции на компании во рана фаза на развој и бизнис ангели (EBAN), МЕНА mрежата на бизнис ангели (MBAN), Афричката мрежа на бизнис ангели (ABAN) и Асоцијацијата на бизнис ангели во Турција (TBAA).

На форумот како говорници учествуваат стотина реномирани економски експерти и бизнисмени и на едно место се презентираат најдобрите искуства и практики од јавниот и приватниот сектор за полесно обезбедување на финансиски средства на малите и средни компании, кои се двигател на економските во земјите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП