18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата европска банка најави уште една тешка година

Најголемата европска банка најави уште една тешка година

hsbchsbc4575

Најголемата европска банка HSBC објави во понеделникот послаби од очекуваните деловни резултати и најави тешка година поради забавување на економскиот раст во Кина.

Добивката пред оданочување на најголемата европска банка порасна во минатата година се зголеми само за еден отсто, на 18,9 милијарди долари, при што приходите исто така пораснаа за еден отсто, на 57,7 милијарди долари.

„Забавувањето на економскиот раст во Кина несомнено ќе придонесе за потешки финансиски амбиент“, рече претседателот на банката Даглас Флинт.

Кон вкупната добивка на HSBC во минатата година Азија придонесла со 83,5 отсто.

Извршниот директор на групацијата, Стјуарт Гуливер истакна дека банката имала тешка 2015 година, но дека ќе продолжи да се фокусира на мерки за намалување на трошоците најавени во јуни минатата година.

Поради послабите деловни резултати од очекувањата на аналитичарите, цената на HSBC падна во понеделникот за речиси 4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП