17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоследната книга на Умберто Еко ќе биде објавена во петок

Последната книга на Умберто Еко ќе биде објавена во петок

umberto eko 35350

Последната книга на познатиот италијански писател, лингвист и филозоф Умберто Еко, кој почина минатиот петок во Милан, овој петок ќе биде понудена во книжарниците низ Италија, објави во петокот неговата издавачка куќа „ La nave di Teseo“ (Чунот на Тезеј).

Хрониката на современото општество и книгата есеи за општеството под насловот „Pape Satan Aleppe“, претставува збирка од текстовите објавувани од 2000 година во италијанскиот неделник L’Espresso, со кој Умберто Еко соработуваше.

Насловот на книгата ги содржи всушност почетните три збора со коишто започнува Пеењето седмо на „Пеколот“ во „Божествената комедија“ на Данте Алигиери. Еко своевремено изјави дека овој наслов „убаво ја претставува нередот на нашата ера“.

Промоцијата на книгата првично беше предвидена за мај, меѓутоа издавачот поради смртта на авторот одлучи поскоро да им ја понуди на читателите.

Умберто Еко, кој боледуваше од рак, почина на 84-годишна возраст во петокот навечер во својот дом. Беше професор на Универзитет во Болоња, како и почсеен професор на уште триесетина универзитети ширум светот, напиша и објави бројни трудови.

Умберто Еко ѝ стана познат на пошироката светска јавност по романот „Името на розата“ објавен во 1980 година, според кој беше снимен и истоимениот филм со Шон Конери во главната улога.

Умберто Еко е роден на 5-ти јануари 1932 година во Алесандрија, во италијанскиот регион Пиемонте. Почнал да студира право, но прекинал, па се одлучил за студиите по средновековна филозофија и литература.

Како романописец, покрај „Името на розата“ објави уште шест романи, „Фукоовото клатно“ (1988), „Островот на претходниот ден“ (1994), „Баудолино“ (2000), „Таинствениот пламен на калицата Лоана“ (2004), „Прашките гробишта“ од 2010 кој стана бестселер, а последниот „Нулти број“ беше објавен минатата 2015 година на неговиот роден ден. Сепка, неговото најпознато дела е издадено под насловот „Уметноста и убавото во средновековната естетика“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП