18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 24 часа издадени потврди на 773 мигранти

За 24 часа издадени потврди на 773 мигранти

migrantiiiiiiiicdjfvnfnvkfkjdf

Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 773 странски државјани, од кои 219 од машки и 224 од женски пол, како и на 328 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без придружба на родител.

Според државјанството, потврди се издадени на 611 државјани на Сирија,потоа на 160 државјани на Ирак и на двајца  државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината па до 21-ви февруари, издадени  се потврди на вкупно 85.132 странски државјани, од кои 33.817 се од машки пол, 18.511 се од женски и 32.597 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 207 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-41.269, Авганистан-26.546 и Ирак-17.314.

Годинава до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во неделата, пак, до  Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил на 11 државјани од Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП