11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВеб-портал за поддршка на бизнисот во Општина Аеродром

Веб-портал за поддршка на бизнисот во Општина Аеродром

aerodrom

Општина Аеродром деновиве изработи веб-портал за поддршка на бизнис-секторот (http://mspaerodrom.mk), на кој фирмите и невладините организации на нејзина територија ќе можат бесплатно да се промовираат и да добиваат сервисни информации.

Преку порталот претпријатијата можат да ги промовираат своите производи, но и сопствените брендови, акции, вработени во фирмите или успешни приказни.

Oпштината преку овој портал ќе врши дневна промоција на фирми, кои егзистираат на нејзината територија.

Фирмите што сакаат да обезбедат бесплатна реклама треба да се регистрираат на порталот, да ги контактираат лицата одредени за соработка и да обезбедат материјал.

Секоја фирма, која ќе достави материјал, ќе биде објавена на порталот. Единствен критериум што фирмата треба да го исполнува за да обезбеди бесплатна реклама на порталот е да биде регистрирана на територијата на Општина Аеродром. Рекламирањето ќе се врши на принцип прв пристигнат прв објавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП