17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилната индустрија има речиси четири милијарди претплатници

Мобилната индустрија има речиси четири милијарди претплатници

barselona kongres 335

Околу 3,8 милијарди претплатници на мобилни телефони се регистрирани моментно во светот, што е за 5,3 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, беше објавено денес на најголемиот собир на светската телеком и мобилна индустрија во Барселона.

Јубилејниот 30-ти „Mobile World Congress“ (MWC) собра рекорден број излагачи, близу 2.400 од 200 земји и над 95.000 професионалци-посетители, меѓу кои и околу 5.000 водечки луѓе на телеком компаниите, како што се China Mobile, Facebook, Intel, Telefonicа, Vodafone, Ericsson, Deutsche Telekom (DT) и други.

Покрај бројни стручни, иновативни и забавни содржини за време на конгресот ќе бидат одржани и десетици тематски панели.

Организаторите на MWC на првиот ден од конгресот објави дека во светот има над 3,8 милијарди мобилни претплатници, додека бројот на мобилни конекции е близу 7,7 милијарди, што е раст од 6 отсто.

MWC укажува на големото значење на мобилната индустрија за светската економија во која придонесува со над 13 милијарди вработени, а за глобалниот БДП со над три илјади милијарди американски долари.

Приходите на оваа индустрија на глобално ниво во 2015 година достигна над 1.000 милијарди долари, што е раст од два отсто во споредба со претходната година, а овој раст со слична динамика се очекува да продолжи до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП