13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреголемите капацитети на Кина ја уништуваат европската економија

Преголемите капацитети на Кина ја уништуваат европската економија

180373d28730135ce73921

Преголемите индустриски капацитети на Кина, особено во секторот за челик, претставуваат се поголема закана за европската економија, соопшти денес Европската стопанска комора.

Претседателот на Европската стопанска комора, Јерг Вутке, изјави дека Кина во изминатите неколку години натрупува машинерија и луѓе многу побрзо од побарувачката.

„Потребно е да се укине протекционизмот на локалните работници и бизниси“. Што подолго чекаат, толку повеќе проблеми ќе постојат“, вели Вутке, сугерирајќи дека кинеските власти би морале да го решат проблемот колку што можат побрзо.

Преголемиот капацитет на кинесекиот сектор за челик порасна од 132 милиони тони во 2008 година на 327 милиони тони во текот на 2014 година.

Претераниот капацитет доведува до тоа Кина на меѓународниот пазар да извезува челик по „дампинг“ цени.

Европската комисија на почетокот на месецот воведе привремени анти-дампинг царини на ладно-валан челик од Кина и Русија, а покрената е и истрага за увозот на рамни цевки, тешки плочи и врело-валан челик од Кина.

ЕУ и претходно воведе низа антидампинг и антисубвенционирани царини на кинеските производи, од соларни панели до керамички плочки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП