7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолапс на руската „гордост“ поради санкциите и кризата

Колапс на руската „гордост“ поради санкциите и кризата

russian-vodka

Рускиот извоз на водка и други алкохолни пијалоци е намален минатата година поради украинската криза и западните санкции воведени кон Москва.

Минатата година, приходите од извозот на алкохолни пијалоци опаднале на 111,9 милиони долари, што е за 40,2 проценти помалку во однос на 2014 година, кога приходите изнесуваа 187,1 милион долари.

Извозот во Украина, која пред појавата на конфликтот била најголем увозник на руски алкохолни пијалоци, доживеа колапс, паѓајќи од 38,6 милиони долари во 2013 година на скромни 3,87 милиони долари минатата година.

Приходите од извозот во Британија, Летонија и Германија, исто така, се значително намалени поради санкциите, регистрирајќи пад од 35 проценти, 14 проценти и 28,6 проценти респективно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП