29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на мигранти кои влегле преку јужната граница

Намален бројот на мигранти кои влегле преку јужната граница

migranti 37744

Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија е регистриран речиси за двојно намален бројот на влегувања лица од соседна Грција кои го имаат статусот бегалци од конфликтните области, покажуваат податоците од последното деноноќие кога најбројни биле државјаните на Авганистан.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на во петокот 19-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 799 странски државјани, од кои 333 од машки и 164 од женски пол, како и на 295 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седум деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, 476 потврди се издадени на државјани на Авганистан, потоа 234 на државјани на Сирија и 89 потврди се издадени на државјани на Ирак.

Со тоа, од почетокот на годината заклучно со полноќ во петокот, на влегување во Македонија издадени им се потврди на вкупно 83.987 странски државјани, од кои 33.494 се од машки пол, 18.185 се од женски и 32.103 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 40.408, Авганистан – 26.535 и Ирак – 17.041.

Кога станува збор за поднесувањето барање азил во посочениот период од почетокот на 2016 година до саботата утрото до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица, и тоа седум од Авганистан и три од Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во изминатите 24 час, инаку, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање правото на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП