28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтруга добива технолошко-индустриска зона

Струга добива технолошко-индустриска зона

struga

Градот Струга ќе добие Технолошко-индустриска зона која ќе почне да се гради летово и ќе отвори голем број работни места. За првите инвеститори зоната ќе биде подготвена од октомври, а веќе интерес имаат две европски компании.

Ова го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Струга, каде заедно со кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Кочоски на средби со бизнисмени од овој регион разговараа за идните планови за економски развој на Струга.

Проектот за изградба на ТИРЗ е заеднички на Владата и локалната власт.

„Засега интерес за инвестирање пројавиле две европски компании. Едната е од автомобилската индустрија, а другата е од електронската индустрија, кои најавија планови за инвестирање во овој регион и очекувам во наредните недели и месеци да завршат успешно тие разговори и да успееме да ги донесеме во зоната во Струга, што би значело креирање на речиси 1000 нови работни места само од тие две компани, а вкупно во зоната кога ќе биде целосно функционална очекуваме да се отворат над три илјади работни места“, истакна вицепремиерот Ставрески.

Според него, отварањето нови работни места во моментот и е најпотребно на Струга.

„Убеден сум дека за да се случи тоа, треба квалитетна локална власт. Од досегашната професионална кариера на Кочоски евидентно е дека тој ќе умее да се носи со таа функција, бидејќи секој инвеститор ќе сака да добие врвен квалитет од локланата власт“, изјави Ставрески.

Според Кочоски во зоната 2.000 стружани ќе вработат само според своите стручни и образовни квалификации, а без разлика на нивната верска, национална или друга определба.

„Како градоначалник на Општина Струга од првиот ден ќе се зафатам со решавање на сите инфраструктурни и комунални проекти, се со цел оваа индустриско-развојна зона да заживее во најкус можен рок. Целиот мој труд и енергија ќе ги вложам во технолошко-индустриската развојна зона да ја добие потребната патна, комунална и енергетска инфраструктура за да може Владата на Република Македонија да го реализира овој, за нас стружани, многу важен проект“, рече Кочоски.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП