19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко

Почина италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко

umberto eco 22

Италијанскиот романописец и филозоф Умберто Еко, кој боледуваше од рак, починал на 84-годишна возраст во петокот навечер во својот дом, објави неговото семејство без да ја наведе причината.

Умберто Еко ѝ стана познат на пошироката светска јавност по романот „Името на розата“ објавен во 1980 година, според кој беше снимен и истоимениот филм со Шон Конери во главната ролја.

Умберто Еко е роден на 5-ти јануари 1932 година во Алесандрија, во италијанскиот регион Пиемонте. Почнал да студира право, но прекинал, па се одлучил за студиите по средновековна филозофија и литература. Беше професор на Универзитет во Болоња, напиша и објави бројни трудови.

Како романописец покрај „Името на розата“ објави уште шест романи, „Фукоовото клатно“ (1988), „Островот на претходниот ден“ (1994), „Баудолино“ (2000), „Таинствениот пламен на калицата Лоана“ (2004), „Прашките гробишта“ од 2010 кој стана бестселер, а последниот „Нулти број“ беше објавен минатата 2015 година на неговиот роден ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП