20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна изградбата на нов паркинг во Автокоманда

Започна изградбата на нов паркинг во Автокоманда

parking avtokomanda 33535

Нов паркинг простор со површина од 1375 метри квадратни и со капацитет од околу 40 возила, почна да се гради помеѓу улиците „Лазар Поп Трајков“ и „Бапчор“, кај амбулантата во населбата Автокоманда.

Градежните работи ги изведува фирмата Бауер БГ и истите се очекува да бидат завршени кон крајот на март. Вредноста на овој проект е 3.830.000 денари.

По завршувањето на градежните работи, просторот околу паркингот хортикултурно ќе биде уреден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП