6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на американските резерви ја сопреа цената на нафтата под 34 долари

Растот на американските резерви ја сопреа цената на нафтата под 34 долари

nafta 94

Зголемените американски резерви ја сопреа цената на нафтата во петокот под 34 долари, потиснувајќи ги во втор план преговорите меѓу производителите за ограничување на прекумерната понуда.

На лондонската берза со барел нафта се тргува по 35 центи пониска цена во однос на претходното затворање, од 33,93 долари. Речиси за ист процент се намали и цената на американскиот пазар, спуштајќи се на 30,41 долар.

Изминатите денови водечките производители водечките производители покренаа низа разговори кои беа преточени во руско-саудиска иницијатива за ограничување на производството на јануарско ниво.  Поддршка за планот искажа и иранскиот министер Биџан Занганех, но не се обврза на негово спроведување, со оглед дека на Техеран дури неодамна му беа укинати меѓународните санкции и допрва почна да го зголемува производството.

Во меѓувреме Саудиска Арабија порача дека има намера и натаму да го штити својот пазарен удел. „Доколку другите политичари сакаат да го ограничат производството или да прифатат дополнително производство, тоа би можело дополнително да влијае на пазарот, но Саудиска Арабија не е подготвена да го намалува производството“, рече саудискиот министер за надворешни работи.

Ирачкиот министер за нафта Адел Абдул Махди најави, пак, дека продолжува разговорот помеѓу членките на OPEC и останатите производители за да се изнајде начин цената на нафтата да се врати на „нормално“ ниво.

Преговорите на производителите паднаа во втор план откако официјалните американски податоци во четвртокот покажаа скок на резервите на сировата нафта во минатата недела за 2,1 милиони барели, на рекордни 504,1 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП