28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМорето и сонцето нема да и помогнат на Грција

Морето и сонцето нема да и помогнат на Грција

han

„Грција треба да се фокусира кон преприемништвото и промените, бидејќи не може постојано да очекува пари од надвор за решавање на проблемите“, порача денеска во Атина еврокомесарот за регионална политика Јоханес Хан во обраќање на конференција посветена на користењето на средствата од еврофондовите.

„Морето и сонцето не се доволни“, нагласи Хан, додавајќи дека Грција треба да се насочи кон поддршка на малите и средни претпријатија и да спроведе реформи.

Според него, средствата што Грција ги добива од европските фондови треба да се искористат за проекти кои ќе придонесат за пормени во земјата, како што е финансирањето на современи технологии во управување со отпадот или инвестиции во енергетиката и туризмот.

Во периодот од 2014-та до 2020-та година од фондовуте на ЕУ, Грција треба да добие 35.5 милијарди евра од кои 15 милијарди за земјоделски субвенции и 500.000 евра за борба против илегалната имиграција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП