26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCapital Group: Подгответе се за уште поголема нестабилност на берзите

Capital Group: Подгответе се за уште поголема нестабилност на берзите

nestabilnost 353

Подгответе се за уште поголема нестабилност на берзите, во услови на забавување на светската економија и опасност од воведување на негативни каматни стапки од водечките централни банки во светот. За тоа предупредуваат од „Capital Group“, компанија за управување со средства во вредност од 1,4 илјади милијарди долари, пренесува „Bloomberg“.

Турболентността најверојатно ќе продолжи во услови на камати блиски до нула нивоа и реална закана од дефлација во Јапонија и Европа, коментираат од компанијата во писмо до своите клиенти. Ризиците од рецесија за американската економија се зголемија, што најверојатно ќе го присили ФЕД да престане со политиката на зголемување на каматните стапки во оваа година, сметаат уште од „Capital Group“.

Инвеститорите нашле малку места, од кои може да се профитира во оваа година на берзите. Започнаа со стравувањата за кинеската економија и намалувањето на цената на нафтата и последователно се префрлија кон банките и обврзниците на земјите во развој. Иако по три дена на раст од над 1%, во последните четири берзански сесии, индексот „Standard & Poor’s 500“ се уште се тргува со пад од 6.2% од почетокот на годината. Во исто време профитот на неговите компоненти се насочуваат кон трета тримесечна промена.

„Големо прашање е дали американската економија ќе успее да се зачува од проблемите во странство. Тоа треба да видиме. Во секој случај барем очекувам средината за корпоративните профити да е предизвикувачка“, според Џим Ловелас, фонд менаџер во „Capital Group“.

Според извештајот не е јасно дали централните банки во светот ќе успеат да избегнат со политиките за нагло забавување на економијата и дали нивните активности нема да имаат несакани ефекти. Финансискиот индекс „MSCI World Bank Index“ изгуби 17% од својата вредност во оваа година, а Јапонија неодамна се приклучи на земјите со негативни каматни стапки.

И иако негативните камати имале генерално позитивен ефект врз економиите на Данска, Шведска и Швајцарија, тие исто така може да имаат негативно влијание во однос на повлекувањето на кешот од населението и промената во начинот на функционирање на традиционалниот банкарски бизнис. На крајот на 2014-та година „Capital Group“ беше седмото најголемо друштво за управување со средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП