23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 24 часа издадени потврди на 1.212 мигранти

За 24 часа издадени потврди на 1.212 мигранти

migranti 33535

Во четвртокот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 1.212 странски државјани, од кои 493 од машки и 269 од женски пол, како и на 439 деца кои ги придружуваат носителите на потврдата и 11 деца кои патувале без родител. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на 713 државјани на Сирија, потоа на 296 државјани на Авганистан и на 203 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината па до 18-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 83.188 странски државјани, од кои 33.161 се од машки пол, 18.021 се од женски и 31.808 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 198 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.174, Авганистан-26.059 и Ирак-16.952.

Годинава до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 18-ти февруари евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои 17 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП